Англискиот тим Тотенхем постигна договор со Јувентус за играчот од средниот ред Дејан Кулушевски, пренесува „Скај Спортс“.
Фудбалерот мора да пристигне во Лондон во следните неколку часа за да ги помине лекарските прегледи и потоа да го потпише личниот договор. Медиумите во Италија и Англија пренесуваат дека тој ќе пристигне на позајмица во Тотенхем, но со задолжителна опција да го купи доколку лондончани се пласираат во Лигата на шампионите.
Од Англија додаваат дека дека цената ќе биде околу 40 милиони фунти. Ова е добра вест за Антонио Конте, откако Тотенхем неколку пати овој месец не успеа да оствари различни цели на трансфер пазарот.