Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, може да доби дозвола да замине во редовите на Реал Мадрид, најавија вечерва медумите во Англија. Премиер-лигашот за потписот на одличниот фудбалер бара 200 милиони евра додека шпанскиот тим ќе понуди 120 и плус Карим Бензема.
Според проценките, реалната трансферна вредност на англискиот репрезентативец е околу 140 милиони евра. Единствен проблем во целиот случај може да биде високота плата што ја добива Бензема во Реал Мадрид и која во иднина ќе треба да ја покријат популарните „Спарси“.
Хари Кејн има активен договор со Тотенхем до 2024 година, но, доколку двата тима се договорат, тогаш врвниот голгетер може да се пресели на „Сантијаго Бернабе“ во текот на летото во 2020 година.
