Тотенхем и Севилја се уште два клуба кои се заинтересирани за напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек, според информациите кои ги објавија шпанските и англиските медиуми.
Росонерите бараат купувач на Полјакот откако ги обезбедија услугите на Златан Ибрахимовиќ. Така, се повеќе е веројатно дека Пјонтек ќе замине наскоро од „Сан Сиро“.
Тотенхем итно бара замена за Хари Кејн, кој има искинат мускул во бутот. Лондончаните се заинтересирани за Пјонтек, но сакаат да го позајмат до лето, што не му одговара на Милан, кој сака директна продажба за да ги врати 35-те милиони евра што ги плати на Џенова минатиот јануари за да ги обезбеди услугите на напаѓачот.
Севиља во меѓувреме внимателно ја следи ситуацијата. Шпанците сè уште не одлучиле дали да дадат официјална понуда. Од „Рамон Санчез Писхуан“, сепак, веруваат дека 24-годишниот Полски играч има сериозен потенцијал да се развива во „Ла Лига“.

