Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тотенхем ја губи битката со времето за отварање на новиот стадион
    Фудбал

    Тотенхем ја губи битката со времето за отварање на новиот стадион

    risteBy riste14/08/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тотенхем ја губи битката со времето, објавија англиските медиуми. Тимот од северен Лондон очекуваше да го отвори новиот гламурозен стадион на 15 септември во дербито со Ливерпул, но големото забавување со финиширање на стадионот ќе го принудат Тотенхем да го одложат за неопределено време планот за отварање на новиот стадион.

    Од раководството на Тотенхем дури платиле наемнина на „Вембли”, каде што тимот ги игра во моментов домашните натпревари, до крајот на оваа календарска година.

    Ова предизвика незадоволство кај некои фанови кои го искажаа својот револт на социјалните мрежи. Тотенхем го гради новиот стадион откако на крајот на сезоната  2016/2017 беше срушен легендарниот „Вајт Харт Лејн”, а на негово место „изникна” еден од „најмодерен стадион во Европа”, кој ќе го чини клубот околу 750 милиони фунти.

    Менаџерот Маурисио Почетино истакна дека тоа е една од причините за недостатокот на влезни и излезни трансфери во текот на целиот летен трансфер период.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.