Тотенхем ќе го купи Дејан Кулушевски од Јувентус на крајот од сезоната 2022/23, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Во Тотенхем имаат две опции за договор. Доколку играчот учествува на 20 натпревари (на секој од нив поминува најмалку 45 минути на теренот) и клубот влезе во Лигата на шампионите, лондончани ќе треба да платат сума од 35 милиони евра.
Доколку еден од тие услови не се исполни, Тотенхем едноставно ќе ја активира опцијата по своја волја да го купи 22-годишниот Кулушевски.
Лондончани го земаа Кулушевски на позајмица од Јувентус во јануари 2022 година до крајот на јуни 2023. Оваа сезона напаѓачот има 1 гол и 3 асистенции на 9 натпревари за англискиот тим. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Кулушевски на 50 милиони евра.