Тотенхем ќе го пречека Арсенал во дербито на северен Лондон на стадионот „Вембли“, мечот ќе се одигра на 2-ри март. Ова беше објавено денеска на официјалната веб-страница на Тотенхем.
Кај навивачите на тимот постоеше надеж дека тоа ќе биде првиот натпревар кој Тотенхем би можел да го одигра како домаќин на нивниот нов стадион, чие отварање беше одложено неколку пати. Клубот уверува дека работат на безбедносните системи, а тоа е причината за одложувањето на официјалното отворање на објектот.
Во тек е тестирање на пожарниот и алармен систем. Стадионот потоа мора да добие сертификат за безбедност. Кога тоа ќе се случи, може да се отвори. Тотенхем ќе отпечати 90.000 билети за дербито на северен Лондон.