Фудбалерите на Тотенхем во трилер меч со Хичковска завршница успеаа да слават на теренот на Ајакс со 3 спрема 2 и да влезат во големото финале во Лигата на шампионите.
Бразилецот Лукас со хет-трикот во вториот дел беше човекот за огромен пресврт откако домаќините заминаа на паузата со предност од 2 спрема 0 со головите на Де ЛИхт и Зијач. Згора на тоа имаа и плус еден гледајќи го првиот дуел во Англија кога победија со 1-0.
Анамичноста на Ајакс во вториот дел и храбрата игра на Англичаните го донесе голот за победа кога сите го очекуваа крајот на мечот. Финалето меѓу Ливерпул и Тотенхем во ЛШ ќе биде одиграно на 1 јуни во Мадрид.