Тотенхем ќе му предложи значително зголемување на платата на Кристијан Ериксен за да го убеди Данецот да потпишат нов договор со клубот.
Тековниот договор на играчот од средниот ред истекува за една година, а тој преговата со неколку различни клубови меѓу кои Реал Мадрид и Јувентус.
Според „Дејли меил“, Тотенхем ќе му понуди на Ериксен плата од скоро 200 000 фунти неделно, далеку повеќе од сегашните 80.000 фунти што ги добива. Сепак, раководството на Тотенхем не е воопшто сигурно дека дури и ова ќе го убеди Ериксен да остане.
Ситуацијата за Тотенхем е кревка, затоа што ако Ериксен не потпише нов договор, клубот би ризикувал да го загуби без пари за една година. Другата опција е да го продаде Данецот до 2 септември, доколку некој се согласи да плати сума за трансферот од околу 100 милиони долари.