Екипата на Тотенхем најави дека ќе го обжали црвениот картон кој го доби Хјун-Мин Сон, а се случи за време на немилиот инцидент со Андре Гомеш од Евертон во последното коло од Премиер лигата, пренесува „Sky Sports“.
Според „Спарси“, корејскиот фудбалер не е виновен за тоа што се случи или барем не е за црвениот картон. Во 77-та минута од натпреварот, Сон влезе во нозете на Гомеш, по што се покажа дека е причина за тешката повреда на противничкиот играч кој заврши со скршен зглоб.
Интересно е тоа што ова е само втоориот картон за овој играч во 139 одиграни натпревари во Премиер лигата.