Играчот од средниот ред на германски Келн, Леонардо Битенкорт, е на мета на англиски Тотенхем и француски Монако. Тоа значи дека за фудбалерот ќе се води жестока битка ова лето, а во неа може да се вклучат уште неколку поголеми европски тимови.
Според весниците, договорот кој Битенкорт го има со германскиот клуб е со опција за откуп за само 8 милиони евра. Оваа сезона, 24-годишниот играч од средниот ред има одиграно 17 натпревари во Бундеслигата.