Тотенхем официјално поднесе жалба за тоа кој е стрелец на вториот гол кој оваа екипа го постигна на средбата со Стoук коа ја добија со 2:1.
Уште за време на самиот дуел се разгорела дискусија за тоа дали Хари Кејн ја допрел топката по центаршутот на Кристијан Ериксен. Првично погодокот беше запишан со името на англискиот репрезентативец, но откако биле прегладани видео материјалите се покажало дека тој не играл со топката, а голот беше препишан на Ериксен.
Кејн сепак се колне дека погодокот е негов, а битката за голгетерската награда во Премиерлигата го натерало раководството на Тотенхем да поднесе жалба, за да му помогне на својот играч. Во моментов, Кејн заостанува со пет гола од лидерот во трката за најдобар стрелец Мохамед Салах.
„Се колнам во својата ќерка дека ја допрев топката. Не можам да направам ништо повеќе. Комисијата ќе одлучи дали ќе има промена и дали ќе му верувате на мојот збор. Најважно беше што го добивме натпреварот”, изјави Кејн.