Екипата на Тотенхем првиот меч од Лигата на фудбалските шампиони ќе мора да го одигра на стадионот – „Вембли“. Одлуката е донесена по консултации со УЕФА бидејќи новиот стадион кој требаше да биде пуштен во почетокот на септември нема да биде подготвен.
Англискиот тим првиот меч од групната фаза во Лигата на Шампионите ќе го одиграат на 15 или 16 септември или на 2 или 3 октомври. Тотенхем наредните мечеви од Премиер лигата со Ливерпул и Кардиф ќе мора да ги одигра на – “Вембли”.
Се претпоставува дека и големото дерби со Манчестер Сити ќе биде одиграно на 28 октомври на легендарниот стадион