Тотенхем нема намера да се раздели со играчот од средниот ред Танги Ндомбеле во текот на летото. Во последните денови се појавија информации дека Французинот сака да си замине, а интерес за него има од шпанскиот гигант Барселона.
Тотенхем го купи 23-годишниот играч од средниот ред од Олимпик Лион за 60 милиони евра минатото лето. Тој одигра 27 натпревари за Тотенхем оваа сезона, но доби и некои критики за неговиот настап од менаџерот Жозе Мурињо, за што се верува дека го натерало да побара трансфер.
Во исто време, Барселона внимателно ги следи перформансите на овој играч и во него го гледаат најсоодветниот играч за играта меѓу двата шеснаесетника. На Каталонците ќе им треба освежување на средниот ред, особено ако ги продадат Артуро Видал и Иван Ракитиќ.