Тотенхем е подготвен да исплати голема сума за централниот дефанзивец на Бенфика, Франциско Феро, и тоа во јануарскиот преодрн роки.
Како што е познато, иднината на Јан Вертонген и Тоби Алдерварјлд во Лондон е под знак прашалник. „Спарси“ го гледаа Феро изминатото лето, откако 22-годишен фудбалер имаше одлични настапи за клубот од Лисабон.
Во март, португалската ѕвезда потпиша нов договор со Бенфика, кој ќе го задржи во клубот до летото 2023 година, со огромна клаузула за ослободување вредна 85 милиони евра. Раководството на Тотенхем е подготвено да ја плати оваа сума, бидејќи тие започнуваат да бараат алтернативи за нивниот белгиски двоец.