Тотенхем има намера да го купи напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Eнтони Марсијал. Според информацијата на Дејли Меил, за услугите на Марсијал, Тотенхем е подготвен да понуди сума од 60 милиони евра.
Ова е голем дел од буџетот што Спарси ќе му го дадат на Почетино за нови засилувања ова лето. Сумата за нови имиња која ќе ја добие Аргентинецот е околу 100 милиони евра.
22-годишниот Марсијал дојде во Манчестер Ј. од Монако во 2015 година за сума од 38 милиони евра. Минатата сезона, Французинот одигра 30 натпревари и постигна 9 гола.