Тотенхем е заинтересиран за левиот бек на ПСЖ, Левин Курзава. Тимот од северен Лондон се подготвува за продажба на англискиот репрезентативец Дени Роуз, а на негово место е планирано доаѓањето на Курзава, кој не е задоволен од својот првотимски статус во Париз.
Слична операција Маурисио Почетино имаше и минатото лето, кога се раздели со Кајл Вокер, кој му беше продаден на Манчестер Сити , а кај Тотенхем беше ангажиран Серж Орие токму од ПСЖ. Во текот на оваа зима, пак, од ПСЖ во Лондон пристигна бразилското крило Лукас Мура .