Агентот на португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш – Мигел Пињо, започна преговори со Тотенхем за трансфер на играчот од Спортинг Лисабон во составот на Тотенхем, пишува весникот „А Бола“.
Пречка за реализацијата на трансферот во моментот е високата цена на Фернандеш од 64 милиони фунти, која би била невозможна за Тотенхем, ако не биде продаден Кристијан Ериксен.
Исто така и Манчестер Јунајтед води преговори со Спортинг веќе повеќе од еден месец, но во моментов зделката не е постигната. Минатата сезона Фернандеш постигна 31 гол во 50 натпревари во сите натпреварувања за својата екипа.