Менаџерот на Барнли, Винсент Компани се споменува како главен фаворит за менаџерското место на клупата на Тотенхем. Поранешниот капитен на Манчестер Сити ги освои фановте со начинот на кој го трансформираше Барнли и го врати во Премиер лигата.
Претседателот на Спарси, Даниел Леви, е воодушевен од она што го направи Компани и затоа инсистира управата да го доведе на кормилото. Ако не успеат, лондончани имаат план Б со Јулијан Нагелсман или Рубен Аморим.