Стратегот на клупата на Тотенхем, Маурицио Почетино, се соочува со многу проблеми во играчкиот ростер за денешното гостување кај Интер на стартот на Лигата на фудбалските шампиони. Тој остана без услугите на четири стандардни првотимци. Голманот Лорис и напаѓачот Деле Али ги немаше и на викенд дербито со Ливерпул додека дефанзивците Трипие и Алдерверелд не отпатуваа во Италија.
„Али и Лорис се повредени, исто како и Сисоко, тоа не е ништо ново. Кај Трипие и Алдерверелд не станува збор за повреди туку за моја oдлука“ – истакна Почетино.
Средбата меѓу Интер и Тотенхем ќе започне од 18.55 на стадионот – „Џузепе Меаца“ во Милано а главен судија ќе биде Клемен Турпин од Франција.