Елитниот англиски фудбалски состав Тотенхем преговара со белгискиот Бриж за трансфер на дефанзивниот играч од средниот ред, Виктор Ванјама, јавуваат британските медиуми.
28-годишниот кениски репрезентативец има договор за уште две сезони со лондончани, но, се поретко добива шанса да игра бидејќи се соочува со повреди или е во лоша форма. Ванјама кој пред три години беше купен од Саутемптон за 11 милиони фунти, најверојатно ќе биде испратен во екипата на Бриж доколку двата клуба успеат да најдат заеднички јазик.
Бриж сака да го изнајми за една сезона додека Тотенхем инсистира да го продаде. Црномурестиот играч во претходната сезона се појави на 22 меча во сите конкуренции и постигна само 1 гол.