Ирскиот дефанзивец од Вулверхемптон, Мет Доерти ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем, според официјалната веб-страница на лондонскиот клуб.
Фудбалерот потпиша договор до 2024 година и ќе игра за Спарси со број 2. Доерти (28) му се придружи на Вулверхемптон во јули 2010 година. Тој има одиграно над 300 натпревари за „Волците“ во сите натпреварувања.
Мет се пласираше со оваа екипа од првата лига до премиерлигата. По враќањето на Вулверхемптон во Премиер лигата во 2018 година, Ирецот има одиграно 95 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 гола и 15 асистенции. Од 2018 година Доерти е повикан во репрезентацијата на Ирска.
Тотенхем ја заврши сезоната на шестата, а Вулверхемптон на седмата позиција.