Тотенхем најави дека домашниот натпревар со Манчестер Сити ќе се одигра на стадионот „Вембли“. Дуелот ќе се одигра на 29 октомври, во понеделник.
Средбите од групната фаза на шампионите против Барселона (3-ти октомври), ПСВ Ајндховен (6 ноември) и Интер (26 ноември), исто така ќе бидат одиграни на националниот стадион.
надежите на Тотенхем беа овие натпревари да ги играат на нивниот нов стадион. Одложувањата во последната фаза од изградбата, сепак, ги сменија плановите на клубот. Имаше очекувања првиот дуел на овој нов објект да биде против Ливерпул на 15 септември, но отворањето на стадионот се одложи за неколку месеци.
Лондончани објаснија дека има веројатност стадионот да биде подготвен за дуелот против Манчестер Сити, но тоа ќе се знае во подоцнежна фаза и затоа не може да бидат сигурни дека натпреварот ќе се игра таму. Средбата беше поместена ден подоцна, првично закажана за недела, 28 октомври. На тој датум, сепак, „Вембли“ ќе биде домаќин на НФЛ американскиот фудбалски натпревар.