Напаѓачот на Евертон, Ричарлисон би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објави „Атлетик“. Според изворот, од Тотенхемм се заинтересирани за трансферот на играчот кој во моментов е на располагање на бразилската репрезентација.
Тотенхем се уште нема дадено понуда до Евертон, но очекува во летниот преоден рок да направи договор за засилување на тимот пред новата сезона. Евертон очекува да добие најмалку 60 милиони евра за трансферот на Ричарлисон де Андраде кој минатата сезона учествуваше на 30 натпревари од англиската Премиер лига, постигна 10 гола и даде пет асистенции.
Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2024 година. Од 2018 година Ричарлисон настапува за бразилската репрезентација.