Англиски Тотенхем подготви понуда од 50 милиони евра плус бонуси за словачкиот дефанзивец на Интер Милан Шкрињар.
Раководството на Тотенхем веќе разговарале со агентот на Шкрињар во Милано. Претходно вчера „Скај Спорт Италија“ откри дека од Интер барале 60 милиони за нивниот играч, но од Тотенхем не се подготвени да ја платат оваа сума.
„Нероазурите“ се надеваат дека ќе го продадат 25-годишниот Шкрињар, а со добиениот дел од сумата ќе се обидат да го купат Никола Миленковиќ од Фиорентина.

