Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тотенхем со понуда за нов договор за Хунг Мин Сон
    Фудбал

    Тотенхем со понуда за нов договор за Хунг Мин Сон

    risteBy riste25/10/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кога ќе се кажеше дека на клупата на една екипа е Жозе Мурињо, синоним за таа екипа беше дека игра дефанзивен фудбал,

    Сепак од почетокот на сезоната екипата на Тотенхем го промени сето ова и игра можеби најофанзивно на стартот од Премиер лигата. Доказ за тоа се високите победи со постигнати пет, шест, па дури и седум голови, а дефинитивно еден од најзаслужните за оваа офанзивна игра е Хунг Минг Сон.

    Јужнокорејскиот офанзивец игра во животна форма и скоро на секој натпревар е стрелец на гол за својата екипа. Токму заради тоа Жозе Мурињо побарал од челниците на клубот да подготват понуда за продолжување на соработката со Хунг Минг Сон. Одредени медиуми во Англија веќе објавија дека таа понуда е веќе готова и Сон на маса ќе добие нов петгодишен договор со Тотенхем. Актуелниот му завршува во 2023 година, што значи дека 28-годишниот напаѓач во лондонскиот гигант би останал до крајот на својата кариера.

    Хунг Мин Сон од почетокот на сезоната има постигнато седум гола во Премиер лигата и е еден од најдобрите фудбалери од почетокот на сезоната заедно со Калверт-Левин со кој се на врвот на листата на стрелците во англиската елита.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.