Тотенхем продолжува да биде невообичаено активен на трансфер пазарот. Според „Би Би Си“, „Спарси“ се доближуваат до постигнување договор со напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала.
Вчера се појавија информации дека, на клупско ниво, се е практично договорено, но Аргентинецот останува да ги преговара неговите лични услови, што не е лесно. Во последните неколку недели, Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Дибала, но на крајот „црвените ѓаволи“ се повлекоа поради високите финансиски барања на фудбалерот и неговата неподготвеност да игра за Јунајтед.
Според истиот извор, Тотенхем ги насочил сите свои напори кон Дибала, откако не успеа да се договори со Спортинг (Лисабон) за трансферот на Бруно Фернандеш. Тотенхем, исто така, постигна договор со Фулам за привлекување на левиот бек Рајан Сесењон.
„Спарси“ ќе му платат 25 милиони фунти, а Џош Онома ќе оди во Фулам. Исто така утринава с епојавија информации дека Тотенхем го договорил трансферот на Џонатан Ло Селсо од Бетис.