Тотенхем е заинтересиран за дефанзивецот на Атлетико (M), Марио Хермосо, објави „Дејли Меил“. Според изворот, „мамузите“ сакаат да потпишат со универзалниот дефанзивец во текот на летниот преоден рок.
Антонио Конте го именуваше 26-годишниот Шпанец како една од главните трансфер цели ова лето.
Во сезоната 2021/22, Хермосо постигна 2 гола и имаше 1 асистенција на 32 натпревари за Атлетико Мадрид. Според проценките неговата вредност на пазарот изнесува околу 25 милиони евра, но евидентно е дека Симеоне нема да му дозволи да замине за сума под 40 милиони евра.