Англискиот Тотенхем е заинтересиран да го ангажира крилото на Јувентус, Хуан Куадрадо во следниот преоден рок, станува збор за трансфер на фудбалер како слободен играч.
Во последните месеци се водат тензични преговори меѓу Куадрадо и Јувентус за продолжување на договорот, но двете страни се далеку од договор.
Да потсетиме дека Хуан Куадрадо беше играч на Челзи и играше во Премиер лигата од 2015 до 2017 година, каде што не постигна гол на 13 натпревари.
33-годишниот колумбиски играч за врска има 30 настапи за Јувентус оваа сезона во Серија А, постигнувајќи 4 гола и 3 асистенции. Куадрадо е проценет на 10 милиони евра.