Весникот – „Дејли меил“ објави дека челниците на фудбалскиот состав Тотенхем започнале да бараат замена за Хари Кејн кој упорно притиска да си замине во текот на летниот трансфер период.
Според наведеното, популарните „спарси“ сега се насочени кон двајца играчи кои настапуваат во екипите од Манчестер – Габриел Жезус од Сити и Ентони Марсијал од Јунајтед.
Бразилецот кој има 24 години и Французинот со 25-ет, немаат позначајна улога во нивните тимови што отвора простор да прифатат евентуална понуда да ја променат средината.

