Доделувањето на „Златната Топка“ на Меси синоќа предизвика големи полемики на социјалните мрежи за тоа дали е оправдана. Легендарниот напаѓач на Рома и на италијанската репрезентација Франческо Тоти изрази мислење дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, ја заслужил „Златната топка“ оваа година.
„Навикнати сме Златната топка да ја добиваат Меси или Роналдо. Но, оваа година наградата требаше да ја добие Левандовски“, изјавил Тоти.