Легендарниот напаѓач на италијанската репрезентација Тото Скилачи е итно пренесе во болница во Палермо. Информацијата ја потврди и неговото семејство: „Нашиот сакан Тото е во стабилна состојба и е следен од лекари деноноќно. Форца, Тото“, се вели во соопштението на семејството Скилачи.
Поранешниот центарфор на италијанската репрезентација кој сега има 59 години, веќе извесно време се бори со тешка болест. Тој има тумор на цревата, но овој пат е примен во болница поради тешко воспаление на белите дробови, пренесува „Ил Месаџеро“.

