Турските медиуми утрово објавија дека тренерот на Трабзон, Шенол Ѓунеш, по мечот со Касимпаша кој заврши нерешено (2:2) „целосно полудел“ и одржал 26-минутен говор, во кој ја прогласил сезоната за загубена. Турските медиуми тврдат дека Ѓунеш ќе се обиде да го разбуди тимот со тоа што ќе врати четворица фудбалери и ќе испрати ист број од сегашниот тим надвор од составот.
Меѓу четворицата повратници треба да биде и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, кој кон средината на ноември беше отстранет од првиот тим за да тренира одделно и да ја подобри формата. Со него во првиот тим се враќаат и хрватското крило Мислав Оршиќ, суринамскиот дефанзивец Стефано Денсвил, турскиот напаѓач Умут Бозок.

