Во пресрет на првите мечеви од полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони доаѓаат интересни податоци за дел од екипите. Познато е дека на 29 април Арсенал ќе игра со ПСЖ.
Интересно е дека англичаните и французите се сретнаа и во првиот дел од тековната сезона кога се играше групната фаза. Тогаш „топчиите“ победија во Лондон со головите на Каи Хаверц и Букајо Сака. Традицијата вели дека тимот од Париз сè уште не победил во пет натпревари против екипата од северниот Лондон (3 нерешени и 2 порази).
Во тие бројки влегува и полуфиналето во Купот на победниците на куповите во сезоната 1993/94 кога Арсенал победи дома со 1-0 а потоа на „Паркот на принцовите“ беше 1-1.

