Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ги додели предвидените награди.
Победникот, моделот „Opel Corsa“ беше прогласен уште во февруари, но, поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот „Opel Corsa“ е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4.
„ Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива а наградите што ги доделува примамливи за секој производител. Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“ – вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.