Хосе Антонио Рејес, поранешниот фудбалер на Севилја, Арсенал, Реал, Атлетико и Бенфика утрово трагично загинал во сообраќајна несреќа на 35 годишна возраст, објави клубот од Шпанија.
„Не можеме да соопштиме полоши вести. Нашата сакана ѕвезда Хосе Антонио Рејес загина во сообраќајна незгода. Почивај во мир“ – гласеше известувањето на Севилја. Офанзивниот фудбалер ги помина сите младински категории на Севиља а потоа преку Б-тимот стигна до првиот, каде дебитираше со само 16 години.
Потоа направи богат тансфер во Арсенал, од каде една сезона играше на позајмица во Реал.Потоа четири години беше под договор со Атлетико Мадрид, а имаше и една авантура во Бенфика. Во 2012 одново го облече дресот на Севиља каде остана до 2016. Една сезона беше дел и од Еспањол, па се пресели во втората лига со Кордоба. Неколку месеци играше и во Кина, за во јануари да потпише со уште еден шпански второлигаш, Екстремадура.