17-годишен играч на шпанскиот состав Лас Палмас го загуби животот откако во текот на вчерашниот ден се удавил во каналот Орелана.
Според информациите, Жорге Санчез, кој е прекомандуван во првиот тим заедно со неколку пријатели одлучиле да се капат во каналот Орелана што било кобно за неговиот живот. Покрај него во трагичниот настан животот го загубил уште еден тинејџер.
„Ова е еден од најтажните денови во историјата на нашиот клуб. Немаме зборови да ја опишеме болката“ – се вели во соопштението на клубот.