31-годишен навивач на Нант почина откако доцна синоќа беше нападнат од фанови на Ница пред дуелот во Лига 1.Францускиот состав за трагичниот настан информираше преку соопштение.
Фудбалскиот клуб Нант со голема тага ја прими веста дека еден навивач почина пред дуелот со Ница откако добил убод од нож во грбот. Клубот Нант изразува сочувство до семејството и пријателите за жртвата“, соопшти францускиот тим.
Јавното обвинителство објави дека е отворена истрага за убиството.