Македонскиот фудбалски интернационалец Душко Трајчевски останува и понатаму во Кипар, откако се реши својата кариера да ја продолжи во тимот на Докса Катокопијас.
Нашиот интернационалец кој игра во средниот ред минатото лето се реши да се пресели на Кипар и тоа беше негов прв интернационален предизвик, а настапуваше за Алки Ороклини, но по само една сезона реши да не ја менува земјата туку само да ги смени клупските бои.
28-годишниот ДушкоТрајчевски кариерата ја започна во Локомотива, а потоа настапуваше за Тетекс и Работнички каде што беше и капитен. Трајчевски има пет настапи за А селекцијата на Македонија за која дебитираше во 2015 година.