Македонската атлетика ќе има двајца репрезентативци на Европското првенство во Италија кое ќе се реализира од 7 до 12 јуни.
Откако Дарио Ивановски претходно си обезбеди норма за учество во полумаратонот, денеска и Андреас Трајковски, е ставен на списокот за скок во далечина. Тој се најде на 25-то место на ранг листата – „Road to Rome”.
Андреас ќе настапи во квалификациите на 7 јуни а финалето е закажано за осми. Ивановски ќе трча на полумаратонската трка на 9 јуни.