Македонскиот атлетичар во скок во далечина, Андреас Трајковски го освои 12. место на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Глазгов.
Тој во првите три серии имаше најдобро постигнување од 7 метри и 73 сантиметри и за само три сантиметри не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри.
Иако имаше идентичен резултат со Божидар Сарабојуков, Бугаринот заврши на 11-тата позиција бидејќи во вториот скок беше подобар од Трајковски.

