Нашиот репрезентативец Александар Трајковски во пресрет на дуелот со Италија и заминувањето за Палермо, вели дека му е особено драго што мечот се игра во градот во кој настапуваше четири години.
„Среќен сум што мечот се игра токму на местото каде поминав четири прекрасни години. Верувам во нас и верувам дека ќе можеме да дојдеме до добар резултат и да ја израдуваме нашата јавност. Сите знаеме дека никогаш не е добро да се потцени противникот. Јас искрено сакам да не потценат, па да им покажеме дека згрешиле. И ние имаме одлични играчи кои играат во силни лиги и ќе им покажеме дека вредиме. Ова е еден меч, ќе биде важен и за нив и за нас. Ние никогаш не сме биле во ваква ситуација на два меча од светско првенство. Нема што да загубиме, треба да го покажеме најдоброто од нас и да потврдиме дека можеме да одиме понатаму“, вели Трајковски.
Македонската фудбалска репрезентација попладнево заминува за Палермо, каде в четврток (20.45 ч.) ќе го одигра првиот бараж на патот кон СП 2022.