Голманот на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајковски, очекува неговито тим да одигра добар меч на теренот на Тимо Требиње во Лигата на Европа. Битолчани утре во вечерниот термин ќе гостуваат во Словенија.
„Сега треба Еурофарм Пелистер да игра добро во текот на целиот натпревар а не само во едно полувреме. Паднавме во вториот дел и на првиот и на вториот натпревар. Недостатокот на натпревари нè чини два бода. Против Шафхаузен тоа ни се повтори, неодамна целиот тим излезе од карантин непосредно пред натпреварот и веднаш се виде таа слабост. После карантин тешко се игра“ – вели Трајковски.
„Против Рајн Некар Левен исто така бевме солидни во првиот дел а потоа паднавме во продолжението. Убеден сум дека во Словенија ќе дадеме максимум во текот на целиот натпревар. Тримо Требње е компактна екипа. Играат многу брзо, скандинавски, баш како ГОГ Гудме. Подготвивме тактика за нивната брза игра и се надевам дека ќе ги онеспособиме во тој против-напад“ – вели играчот на Еурофарм Пелистер.

