Еден од нашите најдобри атлетичари, Андреас Трајковски одлично го отвори европскиот тимски атлетски шампионат во третата дивизија во Марибор, Словенија.
Тој во дисциплината скок во далечина оствари резултат од 7 метри и 83 сантиметри со што и донесе на Македонија прво место во оваа дисциплина.
Се работи за екипно настапување, па Трајковски на нашиот национален тим му донесе 15 поени.
Ова натпреварување ќе трае и утре, а Македонија има 24 претставници вкупно по 12 во двете категории, машка и женска.

