Нашиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, кој ги брани боите на Мајорка, вели дека не може да се опише како се чуствувал кога Македонија обезбеди место на Евро-шампионатот.
„Сон на секој фудбалер е да биде дел од големо натпреварување. Мило ми е што сум дел од генерацијата која успеа по прв пат во историјата да ја однесе репрезентацијата на ЕП и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ“ – вели Трајковски.
„Мислам дека поседуваме одличен квалитет. Верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на ЕП“ -истакна Трајковски за „Хотспорт. рс“.

