Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Трамп ја поддржа кандидатурата на САД, Мексико и Канада
    Фудбал

    Трамп ја поддржа кандидатурата на САД, Мексико и Канада

    risteBy riste27/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на САД Доналд Трамп ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2026 година, па дури се закани на земјите кои се против.

    Мароко е единствената земја со кандидатура за организирање на Мундијалот по осум години, а одлуката ќе биде донесена на Конгресот на ФИФА во Москва на 13 јуни.

    „САД има сериозно барање со Канада и Мексико за Светското првенство во 2026 година. Ќе биде срамно, ако земјите кои секогаш сме ги поддржувале, да застанат против кандидатурата на САД. Ако тоа се случи, зошто ние да ги поддржуваме, откако тие не го прават тоа (вклучително и во ОН)”, напиша Трамп на „Твитер”.

    Кандидатурата на Мароко се очекува да добие сериозна поддршка од земјите од Африка и Блискиот Исток. Франција исто така, планира да го поддржи Мароко, како и домаќинот на Мундијалот 2018  – Русија. САД последен пат организираа Светско првенство во 1994 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.