Трансферот на аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи беше шестиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Лондончани платија 121 милион евра за 22-годишниот играч на Бенфика.
Најскапи трансфери во историјата на фудбалот се следните:
1. Нејмар – од Барселона во ПСЖ – 222 милиони евра
2. Килијан Мбапе – од Монако во ПСЖ – 180 милиони евра
3. Осман Дембеле – од Борусија Дортмунд во Барселона – 140 милиони евра
4. Филипе Кутињо – од Ливерпул во Барселона – 135 милиони евра
5. Жоао Феликс – од Бенфика во Атлетико Мадрид – 127,2 милиони евра
6. Енцо Фернандез – од Бенфика во Челзи – 121 милион евра
Трансферот на Енцо Фернандез во Челзи беше и рекордно купување во историјата на англискиот фудбал. Пред ова, рекордот му припаѓаше на трансферот на играчот од средниот ред Џек Гралиш, за кој Манчестер Сити еднаш и плати на Астон Вила околу 100 милиони евра.