Потенцијалниот трансфер на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд во Интер е на работ на пропаст, бидејќи „нероаѕурите“ не се подготвени да ја платат сумата од 72 милиони фунти (84,2 милиони евра) за играчот и бараат напаѓач на друго место, објави „Мирор“.
Според изворот, Интер е насочен кон напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони , кој ќе ги чини 20 милиони фунти (23,4 милиони евра).
Италијанскиот гигант е подготвен да му обезбеди повеќе време за игра на својот 20-годишен напаѓач Франческо Пио Еспозито , кој игра за Специја како позајмен од 2023 година. Сепак, се нагласува дека Интер може да му понуди на Хојлунд едногодишна позајмица.

