Репрезентативецот на Германија Каи Хаверц е веќе играч на Челзи, објави многу германски медиуми предводени од „Спорт Билд“ и „Скај Спортс Германија“.
Се очекува потврда од лондонскиот клуб и Баер (Леверкузен). Трансферот вреди 80 + 20 милиони евра.
Сепак, постои непознаница во врска со тоа дали играчот за врска во нападот веќе бил подложен на лекарски прегледи или наскоро треба да го стори тоа. Инаку, Хаверц моментално е во камп со репрезентацијата на Германија и се очекува да учествува на денешниот натпревар против Шпанија во Лигата на нации.
Пред два дена тренерот на Баер Леверкузен, Питер Бос изјави дека не очекува да го види играчот на тренингот на тимот. Во меѓувреме, покрај овој договор со Челзи, „фармацевтите“ инсистираат на ангажман на новиот дефанзивец на „сините“ Маланг Сар.