Трансферот на Алваро Мората во Барселона е 95% готовова работа, тврди „АС“. Се очекува напаѓачот оваа недела да стане дел од Каталонците.
Шпанецот е во сопственост на Атлетико Мадрид, но моментално е во Јувентус на позајмица. Сега треба да му биде раскинат договорот за позајмица со Италијанците, по што шампионот во „Ла Лига“ веднаш ќе го испрати на „Камп Ноу“ како позајмен играч до лето со опција за откуп.
Следниот меч на Барселона е само два дена подоцна – против Линарес во Купот на Шпанија, по што викендов ќе се гостува кај Гранада. Следната недела избраниците на Чави Ернандез ќе се соочат со Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Мората исто така е поранешен играч на Реал Мадрид.

