Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Трансферот на Варан е четврти најскап кој Реал Мадрид го направил за продажба на играч
    Фудбал

    Трансферот на Варан е четврти најскап кој Реал Мадрид го направил за продажба на играч

    risteBy riste28/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Продажбата на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед е четвртиот најскап трансфер за заминување во историјата на Реал Мадрид, објави „Марка“.

    Синоќа стана јасно дека Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид  постигнале договор за трансфер и англискиот клуб ќе им исплати на Шпанците 50 милиони евра плус бонуси.

    Во својата историја, Реал Мадрид продаде поскапо само тројца играчи – рекордот е 105 милиони евра, што Реал Мадрид  го доби за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус во 2018 година. Второто место е за Алваро Мората, кој беше продаден од Реал Мадрид во Челзи за 80 милиони евра во 2017 година, а топ 3 ги комплетира Аргентинецот Анхел ди Марија. Реал Мадрид го продаде на Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра во 2014 година.

    Трансферната сума за Варан можеше да биде поголема доколку неговиот договор со Реал Мадрид не истекуваше наредната година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Светското првенство во Катар ќе почне еден ден порано

    12/08/2022

    Перез: Да го вратам Роналдо? Па тој има 38 години!

    12/08/2022

    Барди : дојдов да го исполнам сонот за ЛШ

    11/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Светското првенство во Катар ќе почне еден ден порано
    • Перез: Да го вратам Роналдо? Па тој има 38 години!
    • Барди : дојдов да го исполнам сонот за ЛШ
    • Атаман полека го крои составот
    • Хол се огласи на социјалните мрежи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.